Приведени малолетници во Скопје, полицијата им пронашла дрога

Двајца малолетници во Скопје биле приведени во одделни случаи откако полицајци кај нив пронашле дрога.

На улица „Пелинце“ во Скопје, вчера полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишна малолетничка од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. Таа била приведена во полициска станица и со неа бил извршен разговор во присуство на родител.

Претходно, на ул.„Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. И тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе