Приведени лица барани со потерница за издржување затворски казни

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во Тетово и во Штип биле приведени две лица кои се барале со потерница за издржување затворски казни.

На ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле А.Ј.(43) од с.Пршовце, тетовско за издржување затворска казна. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Во Штип, пак, на ул.„Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип, врз основа на судска наредба и по распишана потерница, го привеле Џ.И.(34) од Штип за издржување на затворска казна. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе