Приведени две жени за обид за внесување дрога во штипскиот затвор

Вчера полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода Б.М.(44) од Свети Николе, затоа што околу 13.00 часот во Казнено - поправната установа Затвор Штип се обидела да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имало прашкаста материја, која била пронајдена при претрес од затворската полиција. 

Во врска со настанот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода и В.К.(46) од Штип. При претрес во нејзиниот дом и помошни простории во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Пронајдените прашкаста материја и марихуана се одземени, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе