МВР информира

Приведени две жени барани со потерница

Денеска полицијата во Скопје, на две различни локации, приведе две жени барани со потерница. Едната која е под истрага за кривично дело измама и жена за која се води истрага за даночно затајување.

„Денеска во 13.45 часот во населбата Ќерамидница, од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама".

Во 12.40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на улицата 'Народен фронт' ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување", велат од МВР.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе