Приведени две Русинки на Ќафасан, нелегално престојувале во државава

Вчера во 17.45 часот на Граничен премин „Ќафасан" од полициски службеници приведени се Е.Л.(22) и З.И.(27), двете од Русија, затоа што по извршени гранични проверки констатирано е дека истите незаконски престојувале во државата односно им истекла важноста на издадената виза, спротивно на член 147 став 1 алинеа 4 од Законот за странци.

Тие се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија при РЦ за ГР Запад за натамошна постапка, информираат од МВР.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе