Приведени две лица за издржување на затворски казни

СВР Тетово информира дека денеска се приведени две лица за издржување на затворски казни, а за едниот од нив имало и потерница. Се барало лице за 6,5 години затворска казна инаку осуден за кривично дело „тешка кражба".

Фото: Пиксабеj

„Полициски службеници на СВР Тетово денеска во 12 часот, на улица „146" во Тетово, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец Б.Ќ., осуден на шест и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба", казниви по член 236 од Кривичниот законик. Приведениот Б.Ќ. набргу потоа спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово„ во Скопје за издржување на казната, информираше Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Претходно околу 11 часот и 40 минути, со судска наредба, приведен е и 30-годишниот Џ.С.од тетовско Слатино, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „насилство", казниво по член 386 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во КПУ Затвор "Тетово" во Тетово за издржување на казната.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеj

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе