Приведени две лица кои превезувале производи без потребна документација

Полицијата денеска лиши од слобода две лица од Скопје, А.А.(38) и Е.Е.(29), поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија".

Како што соопшти МВР, лицата биле лишени од слобода денеска околу 7:15 часот на регионалниот пат од Скопје кон село Танушевци, во близина на село Бродец. Учествувале полицајци од Полициска станица Танушевци и полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север.
При извршена контрола на товарно возило „фиат дукато", со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А., во кое сопатник бил Е.Е., биле откриени поголемо количество производи кои пријавените ги превезувале без да поседуваат соодветна документација, без декларација на производите и со невалидна испратница.
 
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе