Приведени две лица барани со потерница за издржување затворска казна

Две лица барани по потерница за издржување затворска казна биле приведени вчера во тетовски и префрлени во затворот во Тетово, информира МВР.

Вчера околу 17.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Р.Б.(27), од долнореканско Врбјане, кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната. Полициски службеници на СВР Тетово исто така вчера, околу 11.40 часот го привеле 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Х.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе