Приведени двајца вработени во фирма во Скопје, украле бакарни плочи

Ноќеска полицијата во 03.20 часот на паркинг простор на ул.„Гемиџиска" во Скопје, ги лишиле од слобода С.С.(25) и М.П.(21), двајцата од Скопје, кои се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба".

Тие во правно лице во кое биле вработени, од каде одзеле две бакарни плочи со тежина од околу 200 килограми.

Како што информира МВР, украдените предмети биле пронајдени и одземени од патничко моторно возило во кое осомничените претходно ги ставиле и ќе бидат вратени на сопственикот.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветна кривична пријава. 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе