Приведени двајца српски државјани, превезувале седум мигранти од Пакистан

Двајца српски државјани биле приведени утрово откако на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, кај клучка „Демир Капија“, полицијата во возило „Даеву“ со кое патувале, открила седум мигранти од Пакистан.

Од МВР соопштија дека во 05.35 часот полициски службеници ги лишиле од слобода И.С. (47) и А.Љ. (23), двајцата од Република Србија, затоа што во возило „Даеву“ со српски национални ознаки со кое патувале, а го управувал И.С., биле пронајдени седум мигранти од Пакистан.

„Во наведеното време, полициски службеници дале знак за запирање на нивното возило, но тие не застанале и продолжиле со голема брзина, но набргу потоа излетале од патот. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Пакистан, кои во незгодата се здобиле со телесни повреди. И.С. и А.Љ. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе