Приведени двајца скопјани, превезувале имигранти од Куба

Двајца скопјани, А.Ш.(26) и С.С.(51) биле приведени синоќа кај наплатна рампа „Демир Капија“ бидејќи превезувале шестмина мигранти од Куба, соопшти полицијата.

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Михајлово‘ ги привеле А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила ‘бмв‘ и ‘мерцедес‘ со скопски регистарски ознаки и во нив превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата“, пишува во полицискиот билтен.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на мигрантите им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе