СВР Тетово

Приведени двајца гостиварци кои нападнале сообраќајци

Двајца гостиварци биле приведени откако претходно се обиделе да нападнат полицајци кои вршеле контроли во сообраќајот, утрово во Гостивар.

Според СВР Тетово, инцидентот се случил околу два часот утрово, на улицата Беличица.

При спроведувањето на редовни сообраќајни контроли, тројца сообраќајци запреле автомобил „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Џ.З. Набрзо од возилото излегле Е.А.(33) и С.И. (21) од Гостивар и почнале агресивно да се однесуваат. Во расправијата се обиделе и физички да се пресметаат со полицајците.

Двајцата насилници се лишени од слобода и задржани во ПС Гостивар, до целосно расчистување на случајот.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе