МВР

Приведени дилери од Скопје и Охрид, пронајден амфетамин

Во полициска акција денеска се приведени две лица од Скопје и од Охрид е пронајдена дрога - амфетамин. За настанот е известен дежурен јавен обвинител.

Во рамки на денешната акција на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини, информира вечерва МВР.

За настанот Министерството извести дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе