Приведени дилери од Радовиш

Полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А. (18), Г.С. (31) и З.М. (46), сите од Радовиш. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицата биле приведени во текот на вчерашниот ден и денеска откако вчеравечер полицајци при контрола пронашле марихуана во возилото што го управувал В.А..

Фото: Пиксабеј

„На 22.7.2022 во 21 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес" со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С. Истиот ден, во 22:15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска во 10 часот од слобода бил лишен и З.М. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело“, е наведено во соопштението.

Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе