При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициските службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода С.Џ.(21) од Пешкопеја, Р.Албанија, додека М.А.(19), исто така од Р.Албанија, се дал во бегство.
По засилени мерки и активности преземени од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.