Приведени четворица дилери на дрога

Полициски службеници од ОВР Виница, вчера ги лишиле од слобода Д.М.(22) и А.М.(18) од Виница. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилки, соопшти МВР.

Полициски службеници од ОВР Делчево, пак, во 20:50 часот во Делчево, го лишиле од слобода Н.С.(32) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, а нешто пред тоа, во 20.30 часот бил лишен од слобода и В.П.(32) од Делчево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе