Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско

Полициски службеници синоќа привеле четири лица на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, откако биле забележани дека давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

Полицијата ги привела Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121.000 денари и 250 евра. За случајот е известен јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе