Приведена жена од Скопје, ги принудувала децата на питачење

На подрачјето на Аеродром-Скопје вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице" по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија" со бул.„Јане Сандански" биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

„Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава“, соопштија денеска од МВР.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе