Приведена мајка којашто ја малтретирала и заклучувала малолетната ќерка

Полицијата приведе 44-годишен родител од Скопје за запуштање и малтретирање на својата 16-годишна ќерка, откако по добиени сознанија и во присуство на претставници од „Меѓаши“ и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

„На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада ‘Меѓаши‘ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К. (44) и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот“, информираат од МВР.

На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател.

Мајката Н.К. е приведена во полициска станица, а вчера била пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка.

Од МВР велат дека сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе