Осомничена е за примање поткуп

Приведена лекарка од Куманово, во автомобил ѝ нашле 98.000 денари

Полициски службеници од СВР Куманово, Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово и патничко моторно возило опел астра, паркирано во кругот на болницата. Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

„При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.

Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница Куманово.

За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена.

Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе