Приведена 22-годишна тетовчанка за кражба во возило во Скопје

Вчера во 23.45 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов", полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово.

Таа била барана по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев" во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе