Приведен жител од Опае, пукал и видеото го објавил на социјалните мрежи

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од село Опае, општина Липково, по претходно објавена видео снимка на социјалните мрежи од пукање од оружје.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол" со 22 куршума и ловечка пушка „Застава", за кои не поседувал дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе