Приведен жител на Вардино, во дворот си засадил марихуана, пронајдено и оружје

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишија од слобода  Д.Ѓ. (43) од село Вардино, Демир Хисар. 

Тој неовластено набавил 37 семки од растението канабис и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување. На 26 август по претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Д. Ѓ.,  при што пронајдени и одземени се 37 стебла марихуана, метал детектор, ловна пушка „Црвена застава“, пиштол „Взор“ 50 калибар 7.65мм со рамка со 3 куршуми, револвер 838М калибар 6мм, дигитална вага, футроли за пиштол, четка за чистење на оружје како и околу 80 куршуми од различен калибар. СВР Битола до надлежното обвинителство  поднесе кривична пријава против Д.Ѓ..

При преглед на теренот на парцели во Варадино и Единаковци полицијата на три локации пронајде 52 стебла марихуана со различна висина и развиеност и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе