МВР информира

Приведен жител на Лојане, превезувал тројца мигранти Кубанци

Жител на липковското село Лојане е приведен откако при преглед на неговото „ауди“ било утврдено дека кон Табановце превезувал тројца мигранти, државјани на Куба.

„Вчера на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4" со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица, мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24)“, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг" во Гевгелија.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе