Приведен жител на Љубин, „копал“ биткоини и крадел графички картички и струја

Припадници на СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена на 14 март на улица „Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија“, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 за „тешка кражба“ и член 235 за „кражба на електрична енергија“ од Кривичниот законик.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе