Приведен жител на Драчево, дома му нашле марихуана

При претрес во дом на жител од населбата Драчево во Скопје, полицијата вчера пронашла марихуана и вага со остатоци. Скопјанецот кај кого е најдена марихуаната е приведен, соопштуваат од МВР. 

Според полиција, синоќа во 22:20 часот полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе