Приведен возач, превезувал мигранти во „фолсваген венто"

Во близина на раскрсница кај село Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско, вчера во 04.30 часот бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило „фолсваген венто" без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти. При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш.

„За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштија денеска од МВР.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе