Приведен угостител во Гостивар, во неговиот локал имало лица без сертификат за вакцина

Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ.

Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21:35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е. (49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати три лица без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата од синоќа, времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе