Приведен тетовец за реемитување ТВ канали без лиценца, полицијата дома му нашла и оружје

Полицијата во Тетово соопшти дека денеска е приведен 56-годишен тетовец поради сомнение дека препродавал и реемитувал ТВ канали без потребна лиценца. Приведувањето следело по претрес во неговиот дом денеска попладне.

„При претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, три компјутерски куќишта, пиштол ТТ со рамка и 124 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловечка пушка ‘дамас‘ со 45 куршуми калибар 12 милиметри, два мобилни телефони и еден нотес“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осомничениот е задржан во полициска станица Тетово, а во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

МИА

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе