Приведен тетовец за доиздржување затворска казна

Полициски службеници лишиле од слобода тетовец баран за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, информира Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 22.30 часот на ул.‘Илинденска‘ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Ш.(21) од Тетово. За него била издадена судска наредба, со која се барал за доиздржување на затворска казна од една година и 11 месеци, а бил осуден на три години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на казната.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе