Приведен тетовец, баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово вчера попладне на ул.„ЈНА" во Тетово, го привеле 39-годишниот тетовец А.О., информира МВР.

Тетовецот бил баран со централна потерница од Основниот суд Скопје за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе