Приведен тетовчанец за половиот напад на малолетно девојче

Жител на Тетово на 61 година е лишен од слобода во врска со пријавениот полов напад врз малолетно девојче од 25 февруари, соопшти денес СВР Тетово. Осомничениот е приведен денес околу 15 часот на улицата „Страшо Пинџур" во Тетово.

„Полициски службеници го лишиле од слобода 61-годишниот тетовец во врска со половиот напад на малолетно дете кој во СВР Тетово е пријавен на 25 февруари. Извршен е претрес во неговиот дом и се преземаат мерки и активности за документирање на случајот кој го координира обвинител од тетовското обвинителство“, информираат од СВР Тетово.

На 25 февруари, случајот го пријавил 26-годишен жител на Тетово, инаку очув на девојчето, додека пријавениот полов напад се случил во понеделникот 24 февруари.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе