Приведен Скопјанец, на минувач му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка

Скопјанец со закана со остар предмет во близина на железничката станица на минувач му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Разбојникот е пронајден и приведен од страна на полицијата.

Од МВР соопштија дека денеска полицајци од ЕВР ОКР Гази Баба го лишиле од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.

„Тој вчера на улицата „Вера Радосавњевиќ", во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети“, се наведува во соопштението.

По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе