Приведен скопјанец, крадел од кола на паркинг кај Градска болница

Вчера изутрина на ул.„11ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг простор пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од с.Трубарево, скопско.  

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе