Приведен скопјанец кој извадил пиштол при караница во сообраќајот

Мотоциклист при расправија со возач на автомобил извадил пиштол, но бил спречен да го употреби, по што бил и приведен, соопшти МВР.

МВР информира дека вчера на булеварот.„Никола Карев" во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при скопското СВР го лишиле од слобода Е.И.(27) од .Визбегово, поради „постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница".

Неепосредно пред приведувањето, на улицата .„Македонско-косовска бригада", Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо", со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат", со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава, се нагласува во соопштението.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе