Приведен скопјанец баран со потерница за издржување на затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје денеска во 14.30 часот на подрачјето на Чаир го лишија од слобода М.Д.(59) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во врска со сторено кривично дело по чл.297 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе