Како што соопшти МВР, при преглед на патничкото возило кое го управувал биле пронајдени две пакувања кокаин. При проверката пак, лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Република Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење.
Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Македонија остварил илегален влез во 2020 година.
По документирање на случајот од страна на СВР Скопје против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.