Приведен шверцер кој превезувал 14 мигранти

Синоќа околу 22:15 часот во близина на црква во село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б. (34) од Штип, a околу 23:50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти".

„Имено, во 21:15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци-Смоквица во товарно возило ивеко со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило пежо 306, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело“, информираат денеска од МВР.

Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе