МВР информира

Приведен разбојник кој со пиштол крадел во супермаркет

Полицијата го уапси разбојникот кој пред две недели во еден супермаркет украл чанта од вработена, а со пиштол вперен во друга вработена избегал од продавницата.

Денеска во 12.00 часот на улицата „Џон Кенеди" во Скопје, полициски службеници од полициските станици во Чаир и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Р.(45) од Скопје поради основано сомнение дека на 16 септември извршил кривично дело разбојничка кражба во магацински простор во маркет на улицата „Македонско Косовска бригада" во Скопје, при што одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан, со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство, информира со соопштение МВР и најавува дека ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе