Приведен полицаец за мито од 20 евра

Полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, вчера во околу 13 часот го лишиле од слобода 50 – годишниот А.Б. од долнореканското село Јанче, полициски службеник во полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир, поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност.

„Според пријавеното, во саботата околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. запрел патничко возило „Киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н. (61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра“, информираат од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе