Приведен маж од кичевско поради убиство, доби 30-дневен притвор

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација со Одделението за внатрешни работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67)  во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал, нанесувајќи му повреди од кои потоа починал. 

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе