Приведен маж од Челопек за доиздржување на казна затвор
Вчера изутрина во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници од СВР Tетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ од Скопје, го лишиле од слобода А.Ј.(30) од с.Челопек, тетовско.
А.Ј. се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 3 години, 3 месеци и 7 дена. Тој ќе биде спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната.
За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.