Приведен маж кој што крадел во Драчево, го признал кривичното дело

На подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево и од Полициската станица Драчево вчера во 10:40 часот го лишиле од слобода Г.Ј.(50) од Скопје. Тој се сомничи дека неколку часа претходно извршил кривично дело „тешка кражба" од продажен објект на подрачјето на Драчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во службен разговор, како што посочуваат од МВР, Г.Ј. го признал делото, а дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе