Приведен кумановец, превезувал мигранти

Синоќа околу 19:20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од Куманово, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој, како што вели Додевски, бил лишен од слобода затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица, мигранти од Куба. По преземени мерки, било утврдено дека лицата илегално влегле во Македонија.

Додевски додаде дека мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе