Приведен криумчар, пренесувал мигранти од Индија

Полицијата приведе криумчар кој пренесувал мигранти од Индија, соопшти денеска СВР Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Лицата мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“.

Денеска во 11.15 часот полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х.Х. (31) од Индија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти", соопшти СВР Куманово.

Околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени десет лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Србија до Македонија. 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе