Приведен шверцер на мигранти oд Штип

Синоќа во 20 часот на локален пат покрај брана Мантово, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.О. (38) од Штип, кој во моторно возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин.

Како што соопшти МВР, лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Регионален центар за гранични работи Исток и екипа на ОВР Радовиш.

Лицето М.О. е приведен во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе