Приведен криминалец баран за издржување 10-годишна казна затвор

Денеска во 14.30 часот на ул.„Перо Наков" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје.

Тој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе