„Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец“, информираат од МВР.
Лицето Ф.А. е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.