Приведен крадец на дрва

Полицајци од Тетово во гостиварско Орќуше го уапсиле У.Џ. (39) од ова село откако на негов имот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал потребната документација.

Претходно, огревни дрва без документи биле пронајдени и во неговото возило „рено кангу“, со гостиварски регистарски ознаки, кое полициските службеници го запреле на влезот во Гостивар, во близина на Здуњската крстосница.

Возилото и дрвата со потврда се одземени, a У.Џ. е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе