Приведен Косовец, на Блаце фатен со 15 килограми марихуана

33-годишен косовски државјанин се обидел да внесе во земјата 15 килограми марихуана преку граничниот премин Блаце.

МВР соопшти дека вчера околу 20 часот кај местото наречено Терминал, полициски службеници го привеле Ф.Д. (33) од селото Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Претходно, полициските службеници го забележале Ф.Д. како се движи од Косово кон Македонија и при преглед кај него во вреќа биле пронајдени 14 пакувања со речиси 15 килограми марихуана.

Дрогата била одземена и дадена на вештачење. По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје, ќе поднесе соодветна пријава. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе